Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе
Аирлија нека е!

Јаху соработува со Гугл


По одлучното одбивање на понудата на Микрософт за преземање на компанијата, Јаху се одлучи за сојуз со џинот Гугл, со надеж дека овој потег ќе им помогне во подобрување на бизнисот.

Јаху и Гугл соопштија дека по повеќемесечни преговори се договориле за соработка за употреба на огласувачките методи на Гугл во комбинација со пребарувачките активности на Јаху.

„Претерано е возбудливо да се соработува со Јаху и неговите основачи Дејвид Фил и Џери Јанг“, изјави соосновачот на Гугл Серџ Брин. „Сега е приоритет да се осигура дека Јаху ќе остане силна независна компанија“, додаде тој.

Јаху се надева дека со овој договор ќе ги смири своите акционери, бесни поради одбивањето на понудата на Микрософт која содржеше атрактивна премија на пазарната вредност на компанијата.

„Овој договор е извор на средства кои ќе ни овозможат да им испорачаме финансиска добивка на акционерите“, рече претседателката на Јаху Сју Декер.

Покрај ова, истакнато беше дека договорот ќе биде фокусиран на текстуалните огласи, овозможувајќи Јаху на корисниците да им испорача порелевантни огласи, додека огласувачите ќе добијат подобра огласувачка технологија.


13.06.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Ја декласиравме Португалија
Ја декласиравме Португалија
Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Хамилтон стартува прв во Белгија
Хамилтон стартува прв во Белгија
Водечкиот возач во вкупниот поредок на Форумула 1 се избори за првото место на утрешната трка за Големата награда на Белгија, која ќе се вози на познатата патека Спа.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
За 17 дена, ТВ преносите од Олимписките игри во Пекинг ги следеле околу 4,7 милијарди луѓе, што е нов апсолутен рекорд, соопшти денеска компанијата за истражување на пазарот Нилсен.
Рекоба заврши во Паниониос
Рекоба заврши во Паниониос
Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.

Резултати сега!