|
|
Во италијански парк виден елен–еднорог
Елен со само еден рог на средината на главата е виден во националниот природен резерват во Тоскана, а вработените во управата на паркот велат дека таквата аномалија можела да биде и инспирација и за митот за еднорозите.
Едногодишниот елен е роден во паркот кај Прат, близу Фиренца. Директорот на паркот Џилберто Тоци во средата рече дека прв пат гледа таков случај и дека аномалијата е последица на генетска грешка.
Тој вели дека такви случаи можеби се појавувале и во минатото и го поттикнале митот за еднорозите.
Стручњаците велат дека еднорогиот елен не е ретка појава, но дека рогот на средината на главата е многу редок.
12.06.2008
|
|
|
|
|