|
|
На Анџелина Џоли понудена и е улога во филмот за јунаците од Мапет шоу и тоа првенствено затоа што им е голем фан. Проектот е во зародиш, па се уште не се знае дали ќе го добие главниот лик или некој спореден.
Интересно е дека неодамна сопругата на Бред Пит, која наскоро на свет треба да донесе близначиња, се пошегува дека е баш слична со ликовите од светски познатото шоу.
„Навистина изгледам чудно. Понекогаш ми се чини дека изгледам како некој смешен Мапет“, рече Џоли.
Се претпоставува дека прекрасната актерка ќе го прифати овој ангажман, бидејќи е фан на серијата, а и заради тоа што ги обожава децата.
12.06.2008
|
|
|
|
|