Ако сте во потрага по поубавата половина и барате убавица без мана, јапонските научници најдоа решение за вашиот проблем. Се вика Лиса, чисти, готви и не приговара.
Неуморните јапонски научници успеаја да го исполнат сонот на секој маж – создадоа совршена жена. Додуша не е од крв и месо, но знае да готви, чисти, да масира и се разбира, си молчи.
Роботот Лиса можете да ја набавите во две варијанти – лежерна „домаќинска“ и во секси варијанта (во зависност што ви треба).
Бојата на очите и косата исто така можете да ги избирате, а ако сте се уплашиле дека ова чудо на техниката нема да ве разбере, сте се излажале. Лиса распознава звуци и слики, а чувствителна е и на допир. Најавена е наскоро и машка верзија, односно совршениот маж.
Дали станува збор за измама, или Лиса навистина постои, ќе дознаеме наскоро кога совршената жена треба да биде претставена пред светот.