Она што жените веќе го знаат, а од што некои мажи стравуваат, конечно е потврдено и од едно ново истражување. Жените кои не се во врска имаат повеќе оргазми од оние кои имаат партнери.
Истражувањето направено на 500 повозрасни жени покажа дека кога жените немаат партнери постигнуваат многу поголема поврзаност со сопственото тело.
56 посто од сексуално активните жени без партнер постигнувале оргазам секој пат при самозадоволување, а само 24 посто од жените имаат оргазам со партнерот.
„Можам да замислам како некои мажи непријатно ќе се изненадат со овој податок дека жените при постигнувањето оргазам имаат повеќе среќа без нив“, вели д-р
Џејн Хауард, сексуална терапевтка.
Наведените податоци дојдоа од студијата „Што значи сексуалноста за повозрасните жени?“ базирана на проценки на сексуалниот живот на жените во 40-те, 50-те, 60-те и 70-те.
Д-р Хауард вели дека жените подобро постигнуваат оргазам самозадоволувајќи се, затоа што ништо не им го одвлекува вниманието и не мора да се трудат да ги задоволат мажите.
Резултатите од истражувањето го ’соборија’ митот дека луѓето кои се заедно цел живот исто толку имаат и активен сексуален живот. „Сакаме да мислиме дека луѓето имаат див секс цел живот, но во реалноста тоа и не е баш така“, вели д-р Хауард.
Повеќе од 80% од жените во своите 40-ти се сексуално активни, но само 27% се активни на 70 години, што доаѓа со податокот дека 70% од мажите на таа возраст не се способни да имаат ерекција.
Резултатите од истражувањето покажаа дека и доста жени над 70 години се сексуално индиферентни.
На крајот д-р Хауард вели дека ова истражување може да им помогне на луѓето да ја разберат вистината за влијанието на стареењето врз сексот.
10.06.2008