Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе

Смит и удри шлаканица на Терон


Вил Смит и Шарлиз Терон никако не можат да ја усогласат приказната за немилиот инцидент на снимањето на филмот Hancock. Но, едно е сигурно, неговата рака завршила на нејзиниот образ.

Шарлиз Терон остана шокирана откако актерот Вил Смит случајно и удри шлаканица на снимањето на новиот филм Hancock. Но, актерите не можат да се договорат како дошло до тоа.

Смит во една сцена мораше да и удри лажна шлаканица, но Терон на крајот сепак почувствувала удар.

И додека таа тврди дека тој едноставно и влепил една, тој се држи до приказната дека таа од необјасниви причини налетала на неговата рака.


„Се обиде да изведе лажиран удар, но тоа лажното не се случи. Се уште се расправаме за тоа. Мислам дека едноставно ме удри, а тој тврди дека сум налетала на неговата рака. Бев шокирана! Беше како она: ’Ти мене ме удри?’“

Актерката додаде дека инцидентот не влијаел на нивниот однос. „Ние сме како деца, многу ни е забавно. Не е тој злоставувач на жени!“

Премиерата на филмот е закажана за почетокот на јули годинава. Главните улоги ги толкуваат Вил Смит и Шарлиз Терон, а режијата е на Питер Берг.

10.06.2008




Гледајте фудбал
Спорт
И БАТЕ во Лигата на шампиони
И БАТЕ во Лигата на шампиони
Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52?
Болт може да истрча 9.52?
Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Резултати сега!