|
|
Како да забушавате на работно место?
Треба да работите, ама ве има фатено некоја мрза, па воопшто не ви се помислува на такво нешто. Благодарејќи на Digital Volcano Fake Progress Bar, на колегите може да им се чини дека вашиот компјутер е презафатен, иако всушност не работите ништо.
Fake Progress Bar е апликација која имитира индикатор на напредување. Програмата може да ја прилагодите така што ќе и дадете посебен наслов на секоја апликација што се процесира, да ги прилагодите имињата и траењето на секоја фаза, а можете да одлучите и каков изглед ќе има прогрес барот кој наводно процесира нешто.

За да не ве фатат на евтината финта, можете да активирате опција која го исклучува скринсејверот за време на траењето на апликацијата.
Никој нема да ви се лути оти читате весник на работа, ако на вашиот монитор види трака на која пишува дека се прави бекап на системот или дека се режат критични податоци на диск. Додека пак се инсталира нешто (читај ништо), можете да скокнете на кафе.

Софтверот работи на било кој Windows, а ако администраторот ви ја ограничил можноста да инсталирате на компјутерот, можете да си симнете верзија која директно се стартува, а работи на Windows XP.
Повеќе:
www.digitalvolcano.co.uk
9.06.2008
|
|
|
|
|