Дадилките поминуваат низ забрзана еволуција. Некогаш беа средовечни дами, денес се млади студентки, а за брзо време ќе бидат роботи. Јапонците развија серија роботи ’за по дома’ кои веќе се тестираат на американски деца.
Грижата за децата наскоро би можела да биде преземена од серијата роботи наречени PaPeRo. Овие машини се способни да ги препознаваат луѓето и да разговараат со нив, знаат да праќаат слики преку мобилен, да си играат друштвени игри и да пејат детски песнички.
За разлика од металните суштества од Матрикс кои се оттргнаа од човечкиот надзор, овие автоматизирани домашни миленичиња се уште се послушни, а возрасните можат да ги контролираат преку интернет и дури и да гледаат низ нив со помош на вградени камери.
Помислата дека родителите можат да ги шпиунираат децата кога се сами дома и не звучи баш како претерано интелигентна воспитно-образовна метода. Многумина исто така стравуваат дека претераното дружење со машини ќе ги направи идните генерации уште поголеми социопати.
Ние пак, ги поддржуваме да направат барем подобрена верзија која ќе им овозможи на дадилките на тркалца да склучат пакт со децата против родителската опсесивна контрола. Па заедно да ја запеат: 'We don't need no education...'
Фифа се откажа од санкциите за Полска Полска најверојатно ќе помине без остри санкции откако утре во Фудбалската федерација ќе се вратат сменетите челници.
Ливерпул остана без Шкртел Словачкиот репрезентативец ќе остане надвор од терените прилично долг период, откако во неделниот натпревар со Манчестер Сити се здоби со тешка повреда на коленото.
Сколари по Лавеци Според англиските и италијанските медиуми, во јануарскиот преоден рок Челзи, по препорака од тренерот, ќе понуди најмалку 10 милиони фунти за Езекиел Лавец од Наполи.
Хуанде Рамос: Не размислувам за оставка Менаџерот на Тотенхем вели дека нема намера да го напушти сегашниот клуб, иако Спарси се соочуваат со најлошиот старт на сезоната во последните 100 години.
Се соблече да ја пуштат в ринг! Симпатичната Американка на првото мерење имала килограм повеќе, но ни под разно не сакала да и го предаде мечот на соперничката Кели Кобалд. Џина извела стриптиз и на крај славеше со одлука на судиите!
Робен се повреди по којзнае кој пат Реал беше приморан да постигне гол за да се врати во натпреварот, па Шустер во второто полувреме се реши да го вметне во игра Робен...
Видео: Севиља убедливо, Реал само реми Фудбалерите на Севиља го декласираа Атлетик Билбао со 4:0, додека екипата на Спортинг Хихон ги забележа првите бодови во оваа сезона.