logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Отворен театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински”

Со претставата на битолски театар „Далај мама” на сцената во Домот на културата „Марко Цепенков” во Прилеп беше отворено 43. издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински”. Покрај воведната претстава што ја постави битолскиот театар од Љубиша Георгиевски, во режија на Дејан Пројковски, во следните шест фестивалски дена, до четврток, ќе бидат претставени девет остварувања на македонските театри меѓу двата фестивала. Струмичкиот театар ќе се претстави со „Комедија од грешки” во режија на Владен Александров, „Светилникот” во режија на Владо Цветановски на прилепскиот, „Женички” во режија на Наташа Поплавска на турски театар од Скопје, „Да се заборави Херострат” во режија на Зоја Бузалковска а во изведба на народниот театар од Велес, МНТ од Скопје ќе ја одигра „Дракула” во режија на Срѓан Јанакиевиќ, „Импресарио од Измир” ќе ја одигра тетовскиот театар во режија на Ахмет Јакупи. Во конкуренцијата за награди албанскиот театар ќе ја изведе „Војцек” во режија на Куштрим Бектеши, претставата „Бегалка” во режија на Дејан Пројковски е на народниот театар од Штип и „Супернова” во режија на Златко Славенски е во изведба на Драмски театар од Скопје. На годинашниов фестивал ќе се одржат и тркалезни маси за актуелните состојби во театарот.
Copyright 2008 makfax [1] Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3695