Анкета
Најнова Фотка
Екстра Југо

Отворен театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински”


Со претставата на битолски театар „Далај мама” на сцената во Домот на културата „Марко Цепенков” во Прилеп беше отворено 43. издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински”.

Покрај воведната претстава што ја постави битолскиот театар од Љубиша Георгиевски, во режија на Дејан Пројковски, во следните шест фестивалски дена, до четврток, ќе бидат претставени девет остварувања на македонските театри меѓу двата фестивала.

Струмичкиот театар ќе се претстави со „Комедија од грешки” во режија на Владен Александров, „Светилникот” во режија на Владо Цветановски на прилепскиот, „Женички” во режија на Наташа Поплавска на турски театар од Скопје, „Да се заборави Херострат” во режија на Зоја Бузалковска а во изведба на народниот театар од Велес, МНТ од Скопје ќе ја одигра „Дракула” во режија на Срѓан Јанакиевиќ, „Импресарио од Измир” ќе ја одигра тетовскиот театар во режија на Ахмет Јакупи.

Во конкуренцијата за награди албанскиот театар ќе ја изведе „Војцек” во режија на Куштрим Бектеши, претставата „Бегалка” во режија на Дејан Пројковски е на народниот театар од Штип и „Супернова” во режија на Златко Славенски е во изведба на Драмски театар од Скопје.

На годинашниов фестивал ќе се одржат и тркалезни маси за актуелните состојби во театарот.




Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.

8.06.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.
Видео: Јуве, Барса и Панатенаикос во Лигата на шампионите
Видео: Јуве, Барса и Панатенаикос во Лигата на шампионите
Барселона беше поразена од Висла, Јувентус ремизираше со Артмедија, а Панатенаикос ја совлада Спарта, што беше доволно за овие тимови да се најдат во групната фаза од Лигата на шампионите.
Галијани: Сега Анчелоти мора да освои Скудето
Галијани: Сега Анчелоти мора да освои Скудето
Потпретседателот на Милан вели дека тој си го сторил своето со купување на многу засилувања, па сега на потег е тренерот Карло Анчелоти.
Павличенко во Тотенхем
Павличенко во Тотенхем
Рускиот напаѓач изјави дека сака неговата кариера да ја продолжи во Премиерлигата, поточно во тимот на Тотенхем.
Милан Барош потпиша за Галатасарај
Милан Барош потпиша за Галатасарај
Чешкиот репрезентативен напаѓач денес потпиша договор со турскиот шампион, каде ќе игра во наредните три години.

Резултати сега!