logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Сигнали за анорексија

Им пречи нивната стара слика на ѕидот, опсесивно ја сечат храната на парчиња, помеѓу залаците можете да им сварите јајце? Погледнете ја добро младата личност, можеби станува збор за почеток на анорексија. И пред болеста да се распламти кај вашите деца, можете да ги откриете првите знаци на анорексија или булимија на основа на нивните навики за исхрана“, пишува лондонски Тајмс. Здружението за борба против пореметување во исхраната (EDA) објави прирачник кој може да им помогне на родителите и другите одговорни лица да ги препознаат проблемите пред да станат пресериозни. Првите знакови на препознавање можат да бидат опсесивно сечење на храната на парчиња, или паузи меѓу залаците кои траат и до пет минути. Некои деца кои патат од пореметувања во исхраната се служат со трикови, како на пример, носат многу широка облека во која скришно ја ставаат неизедената храна. Освен тоа, понекогаш бараат да се тргнат нивните фотографии на кои изгледаат здраво и имаат нормална тежина.Во прирачникот на ЕДА родителите се советуваат да не ги игнорираат ваквите знаци и да ги затвораат очите пред она што го забележале.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3660