Долгогодишното пушење ганџа може да предизвика намалување на важните делови од мозокот до 12%, што ги доведува во прашање досегашните верувања дека марихуаната нема влијание на когнитивните способности.
Деталните снимки на мозоците на 15 испитаници кои во текот на 20 години редовно пушеле најмалку пет џоинти дневно, покажале дека хипокампусот им е помал за 12, а амигдалот за 7 проценти, во споредба со други 15 испитаници кои воопшто не пушеле марихуана.
Хипокампусот ги регулира памтењето и емоциите, додека амигдалот игра улога во управувањето со стравот и агресивноста. Оние кои уживале марихуана лошо поминале и на тестовите за меморија, кои од нив барале да запомнат список од 15 зборови.

„Овие резултати го доведуваат во прашање раширеното верување дека пушењето марихуана нема или има сосема мало влијание на мозокот“, вели еден од истражувачите за Herald Sun.
Учесниците во истражувањето биле на просечна возраст од 39 години и не земале други дроги.
4.06.2008