Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе
Аирлија нека е!

Фото: Со стрели го гаѓаа ’железното пиле’


Скриени длабоко во бразилската прашума, примитивното племе Енвира за првпат се сретна ’лице в лице’ со модерниот свет. По првичниот шок, ги подигнаа своите лакови и на ’големото железно пиле’ кое ги вознемири им ’опнаа’ по некоја стрела.

Индијанското племе во областа Енвира, беше откриено во едно од најзафрлените делови на амазонската прашума, во близина на границата со Перу.


Овие неверојатни фотографии го прикажуваат едно од последните ’изгубени племиња’ во моментот на соочување со цивилизацијата. Многу јасно се гледаат дваесетината домородци кои живеат во колиби, а на некои фотки се гледаат и како ги острат своите копја.


Двајца домородци, кои од глава до пети биле обоени во портокалова боја, се обиделе со стрели да го погодат авионот. До нив стои уште еден припадник на племето, обоен во црно, кој само стои и зачудено го гледа железното пиле.


„Со овој лет и покажавме на јавноста дека тие се таму, дека навистина постојат. Тоа е многу важно бидејќи секогаш има луѓе кои се сомневаат дека такви племиња воопшто постојат“, изјави експертот за племиња Хозе Карлос дос Реис Мирелес.


Низ целиот свет постојат околу 100 ’нечепнати’ племиња, од кои над половина живеат во Бразил и Перу. За жал, популацијата драстично им се намалува бидејќи ’цивилизацијата’ му ги узурпира живеалиштата или ги убиваат болестите на современото општество. За среќа, тоа досега не е случај со племето Енвира, вели Мирелес.


„Овој свет треба да се разбуди и да осигура дека нивната тероторија ќе биде заштитена и тоа во склад со меѓународните закони. Или, тие едноставно ќе изумрат“, вели Стефан Кори, директор на Сурвајвл.

30.05.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Ја декласиравме Португалија
Ја декласиравме Португалија
Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Хамилтон стартува прв во Белгија
Хамилтон стартува прв во Белгија
Водечкиот возач во вкупниот поредок на Форумула 1 се избори за првото место на утрешната трка за Големата награда на Белгија, која ќе се вози на познатата патека Спа.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
За 17 дена, ТВ преносите од Олимписките игри во Пекинг ги следеле околу 4,7 милијарди луѓе, што е нов апсолутен рекорд, соопшти денеска компанијата за истражување на пазарот Нилсен.
Рекоба заврши во Паниониос
Рекоба заврши во Паниониос
Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.

Резултати сега!