logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Видео: На Евровизија победи добро спакуван мултиплагијат?

На познавачите на поп музиката не им требаше долго време да ја ископаат песната на која неодоливо потсетува Believe, победничката на Еуросонг, а некои поради хармонијата и вокалните делници кои се преклопуваат дури ја нарекоа плагијат. Всушност, се повторува вообичаената пракса – повеќе од 40 земји најмногу гласа за песната која лесно им влегува в уши, што може да значи дека негде и ја слушнале, но различно спакувана. Така и за минатогодишната Молитва беше откриено дека ептен е слична со една популарна албанска песна. Според засега непознати музички критичари кои го составија видеото што ќе го погледнете песната Believe неодоливо потсетува на Wild World, класиката од Кет Стивенс, а еден мотив е идентичен, само поспор од оној во песната Die For You, со која Грција го освои третото место на Евросонг 2001. Дима Билан се уште нема јавно прокоментирано за ваквите прозивки за плагијаторство, ниту Eurovision Broadcast Union не реагираше.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3564