logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Видео: Русија победи

Дима Билан со песната Believe и ја донесе првата историска победа на Русија на Евровизија. Нашите претставници биле десетти според гласовите во полуфиналната вечер, но изненадувачки не влегоа во финалето. Победник на 53 издание на Песна за Евровизија кое се одржа во Белград, Србија е рускиот претставник Дима Билан. Додека ја изведуваше песната Believe, околу него на мраз лизгаше повеќекратниот светски првак Евгениј Плушенко. Русинот ја оправда улогата на фаворит, а по победата пред илјадници луѓе во белградската Арена изјави: „Ви благодарам на сите! Се уште не можам да верувам, се чувствувам како да сум на врвот на светот!” По Билан кој на крајот имаше 272 бода, второто место го освои Украина со 230, а трета беше грчката „Бритни Спирс“ која освои 218 бодови. Финалето го отвори минатогодишната победничка на Евровизија Марија Шерифовиќ, а во ревијалниот дел настапи Горан Бреговиќ со својот „Оркестар за венчавки и погреби“. Водителите Жељко Јоксимовиќ и Јелена Јанковиќ се бакнаа три пати во образ, затоа што „Србите така се бакнуваат за среќа“. Гласањето на финалната вечер го отвори српската кошаркарска легенда Владе Дивац, а победникот го избра публиката од 43 земји учесници преку смс и телефонски повици.
Kликнете на сликата за да се зголеми [0]
кликнете на сликата за да се зголеми
Македонските претставници Тамара, Врчак и Адријан не успеаjа да влезат во финалето, иако според гласовите од втората полуфинална вечер беа десетти. На нашето место, според жирито се пласираше Шведска која инаку според бројот на бодовите беше 12.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3514