Дима Билан со песната Believe и ја донесе првата историска победа на Русија на Евровизија. Нашите претставници биле десетти според гласовите во полуфиналната вечер, но изненадувачки не влегоа во финалето.
Победник на 53 издание на Песна за Евровизија кое се одржа во Белград, Србија е рускиот претставник Дима Билан. Додека ја изведуваше песната Believe, околу него на мраз лизгаше повеќекратниот светски првак Евгениј Плушенко.
Русинот ја оправда улогата на фаворит, а по победата пред илјадници луѓе во белградската Арена изјави: „Ви благодарам на сите! Се уште не можам да верувам, се чувствувам како да сум на врвот на светот!”
По Билан кој на крајот имаше 272 бода, второто место го освои Украина со 230, а трета беше грчката „Бритни Спирс“ која освои 218 бодови.
Финалето го отвори минатогодишната победничка на Евровизија Марија Шерифовиќ, а во ревијалниот дел настапи Горан Бреговиќ со својот „Оркестар за венчавки и погреби“. Водителите Жељко Јоксимовиќ и Јелена Јанковиќ се бакнаа три пати во образ, затоа што „Србите така се бакнуваат за среќа“.
Гласањето на финалната вечер го отвори српската кошаркарска легенда Владе Дивац, а победникот го избра публиката од 43 земји учесници преку смс и телефонски повици.
кликнете на сликата за да се зголеми
Македонските претставници Тамара, Врчак и Адријан не успеаjа да влезат во финалето, иако според гласовите од втората полуфинална вечер беа десетти. На нашето место, според жирито се пласираше Шведска која инаку според бројот на бодовите беше 12.
Виља дефинитивно останува! Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија! Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.
Видео: Јуве, Барса и Панатенаикос во Лигата на шампионите Барселона беше поразена од Висла, Јувентус ремизираше со Артмедија, а Панатенаикос ја совлада Спарта, што беше доволно за овие тимови да се најдат во групната фаза од Лигата на шампионите.
Галијани: Сега Анчелоти мора да освои Скудето Потпретседателот на Милан вели дека тој си го сторил своето со купување на многу засилувања, па сега на потег е тренерот Карло Анчелоти.
Павличенко во Тотенхем Рускиот напаѓач изјави дека сака неговата кариера да ја продолжи во Премиерлигата, поточно во тимот на Тотенхем.
Милан Барош потпиша за Галатасарај Чешкиот репрезентативен напаѓач денес потпиша договор со турскиот шампион, каде ќе игра во наредните три години.