logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Секс во бројки

Колку сперма еден маж исфрла во текот на животот? Колку калории има во лажица сперма? Колку во просек трае женскиот оргазам, а колку машкиот? Ова се само некои од прашањата кои заслужуваат одговор! ● Мерејќи го зголемувањето на температурата на телото, научниците од американскиот институт МекГил утврдија дека жените се возбудуваат подеднакво брзо како и мажите, за околу 12 минути. ● Во сексуален однос од половина час се трошат околу 200 калории. ● Со секс за 50% се намалува ризикот од смрт од срцев удар. Во текот на сексуалните активности се зголемува нивото на тестостерон, а тој хормон помага во заштита на срцето од стрес и штити од остеопороза. ● Во лажица сперма има пет калории. ● Еден маж во сон просечно доживува пет ерекции. ● Во светот секој ден се случуваат околу 100 милиони сексуални односи, покажуваат статистиките на Светската здравствена организација. ● Еден маж во текот на животот исфрла околу 15 литри сперма. ● Со бакнување се трошат околу 25 калории на час. ● Клиторисот има околу 8000 нервни завршетоци, што претставува најголема концентрација на целото тело, а пенисот има околу 4000 нервни завршетоци. ● Женскиот оргазам во просек трае 18 секунди, а машкиот околу 25. ● Брзина на ејакулатот во просек изнесува 45 километри на час. ● Истражувањата покажаа дека повеќе од третина од жените глумат оргазам, а дури 90% од нив изјавиле дека партнерот во 90% од случаите не го забележуваат тоа. ● Американската администрација за храна и лекови на 27 март 1998 ја одобри Виаграта. Тоа е прв лек за ерекциска дисфункција кој се зема орално. ● 17 посто од луѓето кои бараат партнер преку интернет, успеваат во своите намери. Ист е процентот на оние кои својот партнер го побарале в црква. ● Најстарите пронајдени кондоми биле направени од риба и животински црева, а датираат од 1640 година. ● Денес, кога има се повеќе сознанија за женската ејакулација, научниците веруваат дека преку 40% од жените доживеале ејакулација или се способни да ја доживеат. ● Според податоците од американското министерство за здравство, 31 посто од мажите и 43 посто жени патат од сексуални проблеми. ● Во едно „исфрлање“ сперма кај човекот има околу 50 милиони сперматозоиди на милиметар. ● Просечната големина на пенисот е околу 15 сантиметри. Секако, постојат варијации, но скоро сите во ерекција достигнуваат должина од 10 до 20 сантиметри. Ова е растојание од пубичната коска до врвот. ● Истражувањата покажаа дека 45 посто од мажите би сакале да имаат поголем пенис.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3509