Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе

Секс во бројки


Колку сперма еден маж исфрла во текот на животот? Колку калории има во лажица сперма? Колку во просек трае женскиот оргазам, а колку машкиот? Ова се само некои од прашањата кои заслужуваат одговор!

● Мерејќи го зголемувањето на температурата на телото, научниците од американскиот институт МекГил утврдија дека жените се возбудуваат подеднакво брзо како и мажите, за околу 12 минути.

● Во сексуален однос од половина час се трошат околу 200 калории.

● Со секс за 50% се намалува ризикот од смрт од срцев удар. Во текот на сексуалните активности се зголемува нивото на тестостерон, а тој хормон помага во заштита на срцето од стрес и штити од остеопороза.

● Во лажица сперма има пет калории.

● Еден маж во сон просечно доживува пет ерекции.

● Во светот секој ден се случуваат околу 100 милиони сексуални односи, покажуваат статистиките на Светската здравствена организација.

● Еден маж во текот на животот исфрла околу 15 литри сперма.

● Со бакнување се трошат околу 25 калории на час.

● Клиторисот има околу 8000 нервни завршетоци, што претставува најголема концентрација на целото тело, а пенисот има околу 4000 нервни завршетоци.

● Женскиот оргазам во просек трае 18 секунди, а машкиот околу 25.

● Брзина на ејакулатот во просек изнесува 45 километри на час.

● Истражувањата покажаа дека повеќе од третина од жените глумат оргазам, а дури 90% од нив изјавиле дека партнерот во 90% од случаите не го забележуваат тоа.

● Американската администрација за храна и лекови на 27 март 1998 ја одобри Виаграта. Тоа е прв лек за ерекциска дисфункција кој се зема орално.

● 17 посто од луѓето кои бараат партнер преку интернет, успеваат во своите намери. Ист е процентот на оние кои својот партнер го побарале в црква.

● Најстарите пронајдени кондоми биле направени од риба и животински црева, а датираат од 1640 година.

● Денес, кога има се повеќе сознанија за женската ејакулација, научниците веруваат дека преку 40% од жените доживеале ејакулација или се способни да ја доживеат.

● Според податоците од американското министерство за здравство, 31 посто од мажите и 43 посто жени патат од сексуални проблеми.

● Во едно „исфрлање“ сперма кај човекот има околу 50 милиони сперматозоиди на милиметар.

● Просечната големина на пенисот е околу 15 сантиметри. Секако, постојат варијации, но скоро сите во ерекција достигнуваат должина од 10 до 20 сантиметри. Ова е растојание од пубичната коска до врвот.

● Истражувањата покажаа дека 45 посто од мажите би сакале да имаат поголем пенис.



24.05.2008




Гледајте фудбал
Спорт
И БАТЕ во Лигата на шампиони
И БАТЕ во Лигата на шампиони
Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52?
Болт може да истрча 9.52?
Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Резултати сега!