Изложбата насловена „Македонски народни носии и накит“ на Музејот на Македонија синоќа беше отворена во галеријата Сан Микеле во Рим, Италија.
Изложбата е поставена во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.
На изложбата се претставени 158 предмети, од кои 107 се делови од облека, а 48 парчиња претставуваат накит од метал и мониста. Дел од предметите се презентирани како четири комплатни носии, две машки, две женски, додека другите се поставени самостојно.
Автори на концепцијата за изложбата се Горданче Видиниќ и Милена Петровиќ, кустоси – советници во етнолошкиот оддел при Музејот на Македонија.
Изложбата ќе биде отворена до 30 мај.
Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
23.05.2008