logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Спреј за спас на односите

Болните пријателски и љубовни раскинувања наскоро би можеле да бидат дел од историјата, пред се благодарејќи на хормонот окситоцин, кој ја враќа разнишаната доверба и го намалува чувството на страв. Пријателствата, врските, браковите и бизнис односите наскоро би можеле да се спасуваат со спрејот за нос, со ’љубовниот хормон’ окситоцин. Овој хормон природно се создава во организмот и докажано е дека игра важна улога во меѓучовечките односи, развивањето на мајчинската љубов, па дури и во сексот. Истражувачите од Универзитетот во Цирих утврдиле дека луѓето кои вдишуваат окситоцин, ја задржуваат довербата дури и во оние луѓе кои ги измамиле. Ова е потврдено дури и кај луѓе кои биле парично измамени. Во експериментот , чии резултати се објавени во магазинот Неурон, доброволци на луѓе на кои им веруваат, им давале пари за да ги вложат и да им вратат дел од профитот. Дел од испитаниците ги добиле назад своите пари, а еден дел биле измамени, бидејќи нивните брокери го задржале профитот за себе. Испитаниците кои вдишале окситоцин, ја задржале довербата во брокерот, иако знаеле дека се измамени, а оние доброволци кои вдишале плацебо, повеќе не сакале да ни да чујат за понатамошна соработка со измамниците. Скенирањето на мозокот на испитаниците покажало дека окситоцинот ја смирува активноста на амигдалата, подрачје на мозокот што е посебно активно кај социофобите и луѓето кои од други луѓе доживеале некаква траума, бидејќи амигдалата го регулира чувството на страв и опасност. Моментално се тестира назалниот спреј со окситоцин и првите резултати се охрабрувачки. Според научниците, овој спреј би можел да се користи во лекувањето на аутизмот и дисоцијативните ментални пореметувања.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3491