Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе

Спреј за спас на односите


Болните пријателски и љубовни раскинувања наскоро би можеле да бидат дел од историјата, пред се благодарејќи на хормонот окситоцин, кој ја враќа разнишаната доверба и го намалува чувството на страв.

Пријателствата, врските, браковите и бизнис односите наскоро би можеле да се спасуваат со спрејот за нос, со ’љубовниот хормон’ окситоцин.

Овој хормон природно се создава во организмот и докажано е дека игра важна улога во меѓучовечките односи, развивањето на мајчинската љубов, па дури и во сексот.

Истражувачите од Универзитетот во Цирих утврдиле дека луѓето кои вдишуваат окситоцин, ја задржуваат довербата дури и во оние луѓе кои ги измамиле. Ова е потврдено дури и кај луѓе кои биле парично измамени.

Во експериментот , чии резултати се објавени во магазинот Неурон, доброволци на луѓе на кои им веруваат, им давале пари за да ги вложат и да им вратат дел од профитот. Дел од испитаниците ги добиле назад своите пари, а еден дел биле измамени, бидејќи нивните брокери го задржале профитот за себе.

Испитаниците кои вдишале окситоцин, ја задржале довербата во брокерот, иако знаеле дека се измамени, а оние доброволци кои вдишале плацебо, повеќе не сакале да ни да чујат за понатамошна соработка со измамниците.

Скенирањето на мозокот на испитаниците покажало дека окситоцинот ја смирува активноста на амигдалата, подрачје на мозокот што е посебно активно кај социофобите и луѓето кои од други луѓе доживеале некаква траума, бидејќи амигдалата го регулира чувството на страв и опасност.

Моментално се тестира назалниот спреј со окситоцин и првите резултати се охрабрувачки. Според научниците, овој спреј би можел да се користи во лекувањето на аутизмот и дисоцијативните ментални пореметувања.


23.05.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Рајкард ме тераше да играм и кога бев повреден
Рајкард ме тераше да играм и кога бев повреден
Тиери Анри, го обвини поранешниот тренер на Каталонците Франк Рајкард дека го ставал во игра дури и кога не бил подготвен.
И БАТЕ во Лигата на шампиони
И БАТЕ во Лигата на шампиони
Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52?
Болт може да истрча 9.52?
Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Резултати сега!