logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Не влеговме во финалето

Нашите претставници не успеаја да се пласираат во финалето за избор за песна на Евровизија. Во Белград, каде бевме потенцирани како ФИРОМ, останавме со куси ракави. Тамара, Врчак и Адријан со композицијата „Let me love you“ не се пласираа во финалната евровизиска вечер во Белград. Во финалето влегоа Украина, Хрватска, Албанија, Исланд, Грузија, Данска, Шведска, Латвија, Турција и Португалија. На финалната вечер што ќе се одржи на 24 мај, покрај овие десет земји ќе настапат и петте директни финалисти Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и домаќинот Србија, како и десетте новоизбрани финалисти од првата полуфинална вечер, Грција, Романија, Босна и Херцеговина, Финска, Русија, Израел, Азербејџан, Ерменија, Полска и Норвешка. Поврзано: Евроконтест 2008 [1]

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3488