Тренерот на германската репрезентација Јоаким Лоу го изостави голманот на Валенсија од списокот на играчи кои ќе настапат на ЕП, а на негово место повикан е фудбалерот од средниот ред Марко Марин кој настапува во втората германска лига.
„
Марин е одличен во ситуациите еден на еден и токму тоа е тоа што ни треба. Ги следев неговите игри и мислам дека направивме добар избор“, изјави
Лоу.
Хилдебранд беше втор голман во репрезентацијата, но сега е заменет од
Рене Адлер, како и од голманот на Хановер
Роберт Енке кој најверојатно ќе биде и официјално замена за
Јенс Леман.
„Изненаден сум, но и шокиран. Не ја разбирам таквата одлука и не можам да ја прифатам. Ме боли како отворена рана“, гласеше изјавата на Хилдебранд кој видно нерасположен излезе пред медиумите.
Занимливо е тоа што Лоу во составот има три фудбалери од втората лига и тоа: Марко Марин и
Оливер Нојвил од Борусија Менхенгладбах и
Патрик Хелмс од Келн.
Конечниот список селекторот и официјално ќе го објави на 28 мај.
Филип Крстевски/Таратур