Анкета
Најнова Фотка
Бетмен форевер

Хилдебранд изоставен од списокот


Тренерот на германската репрезентација Јоаким Лоу го изостави голманот на Валенсија од списокот на играчи кои ќе настапат на ЕП, а на негово место повикан е фудбалерот од средниот ред Марко Марин кој настапува во втората германска лига.

Марин е одличен во ситуациите еден на еден и токму тоа е тоа што ни треба. Ги следев неговите игри и мислам дека направивме добар избор“, изјави Лоу.

Хилдебранд беше втор голман во репрезентацијата, но сега е заменет од Рене Адлер, како и од голманот на Хановер Роберт Енке кој најверојатно ќе биде и официјално замена за Јенс Леман.

„Изненаден сум, но и шокиран. Не ја разбирам таквата одлука и не можам да ја прифатам. Ме боли како отворена рана“, гласеше изјавата на Хилдебранд кој видно нерасположен излезе пред медиумите.

Занимливо е тоа што Лоу во составот има три фудбалери од втората лига и тоа: Марко Марин и Оливер Нојвил од Борусија Менхенгладбах и Патрик Хелмс од Келн.

Конечниот список селекторот и официјално ќе го објави на 28 мај.


Филип Крстевски/Таратур
17.05.2008



ЕУРО2008
ЕУРО Распоред
Спорт
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи
Аршавин заминува во Челзи
Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Пет години Романово царство
Пет години Романово царство
Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.

Резултати сега!