|
|
Лам сепак останува во Баерн
Германскиот репрезентативец, сепак ќе остане во клубот откако новиот тренер Јирген Клинсман успеал да го наговори да го продолжи договорот до 2012 година.
24-годишниот Филип Лам во последно време најавуваше заминување од германскиот шампион, откако претходно ја одби и последната понуда на клубот за продолжување на неговиот договор кој истекуваше на крајот од оваа сезона.
„Исклучително сум среќен. Имав неколку корисни разговори со Клинсман и тој ме убеди да останам овде. По нашиот успех во домашната лига и купот, сега мора да направиме чекор повеќе и во Европа“, изјави Лам за официјалната веб страна на Баерн Минхен.
Филип Крстевски/Таратур 17.05.2008
|
|
|
|
|