Бразилскиот двоец кој долги години успешно ги бранеше боите на Милан, одлучи да го напушти клубот и да се врати во Бразил.
Светскиот шампион од 1994 и 2002 година, Бразилецот
Кафу, откако помина шест години кај росонерите сега го напушта клубот…
„Време е да си заминам“, рече 37-годишниот фудбалер кој во Милан дојде во 2003 година од екипата на Рома.
„Многу сум тажен, тешко ми е, но знаев дека ќе дојде денот кога ќе морам да се вратам во Бразил“.
„Се уште незнам дали ќе продолжам со фудбалот. Неделниот натпревар против Удинезе ќе биде мој последен во дресот на Милан. Не знам дали тренерот ќе ми дозовли да играм, но јас сум подготвен да го дадам максимумот од мене“.
Една година помладиот
Сержињо исто така најави заминување од редовите на сеуште актуелниот европски шампион: „Поради мноугбројните повреди со грбот не можам да играм на истото ниво како порано. Сметам дека дојде моментот кога треба да се простам од фудбалот“.
Филип Крстевски/Таратур 16.05.2008