Анкета
Најнова Фотка
Миљеници бакшиш
Аирлија нека е!
Airlija

Фердинанд уште пет години во Јунајтед


Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор според кој ќе остане на Театарот на соништата барем до 2013 година.

Овој договор веројатно значи дека Рио Фердинанд својата кариера ќе ја заврши во Манчестер во кој пристигна пред шест години од екипата на Лидс.

„Неговиот придонес е неизмерен исто како и нашата радост по веста дека ќе остане овде уште пет години“, изјави менаџерот на тимот сер Алекс Фергусон.

Ни самиот Рио не го криеше задоволството: „Манчестер е прекрасен клуб и пресреќен сум поради продолжената соработка. Почестен сум што сум дел од овој клуб и поради успесите кои ги имам постигнато во истиот. Сакам да му им се заблагодарам на тренерот, навивачите и челниците на клубот кои ми ја исполнија мојата животна желба“.


Филип Крстевски/Таратур
16.05.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Ливерпул ризикува да го загуби Торес
Ливерпул ризикува да го загуби Торес
slikaКако што велат англиските медиуми, одложувањето на преговорите за нов договор со Бенитез може да се одразат и на неговиот сонародник, кој воедно е и најефикасен фудбалер во клубот.
Кол и Тери ќе ја пропуштат Белорусија
Кол и Тери ќе ја пропуштат Белорусија
slikaДвајцата дефанзивци ќе го пропуштат наредниот натпревар во кој Англија, на гостински терен, ќе се обиде да ја совлада репрезентацијата на Белорусија.
Видео: Бразил славеше во Венецуела
Видео: Бразил славеше во Венецуела
slikaБразилците немаа поголеми проблеми да слават на гостувањето во Венецуела, а за тоа се погрижија ѕвездите Кака, Робињо и Адриано.
Курањи исфрлен од репрезентацијата
Курањи исфрлен од репрезентацијата
slikaСелекторот на Германија Јоаким Лев го исфрли напаѓачот Кевин Курањи од репрезентацијата заради повреда на дисциплината.
Возбудлива трка со многу казни и неочекуван расплет
Возбудлива трка со многу казни и неочекуван расплет
slikaПо највозбудливот старт досега сезонава, и уште неколкуте контроверзни и казнети преминувања, Фернандо Алонсо изненадувачки стигна до неговата втора по ред победа оваа сезона, 21 во кариерата.
Квалификации за СП2010 - резултати и видео
Квалификации за СП2010 - резултати и видео
slikaВо третото коло од квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во 2010 во Јужна Африка, фаворитите беа речиси секаде поуспешни. Во нашата група, Шкотска и Норвешка ремизираа.
Се повеќе фан клубови на Хофенхајм
Се повеќе фан клубови на Хофенхајм
slikaШто имаат Бризбејн, Бангкок и Берлин заедничко? Сите градови имаат фан клуб за Хофенхајм, што е навистина одлично за новодојденец во Бундеслигата кој имаше само еден официјален фан клуб до 2006.
Резултати сега!
slika