logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Нова кошаркарска регионална лига на Балканот

Светската кошаркарска федерација ФИБА даде дозвола за оформување на Балканска лига во која ние ќе имаме два претставника. Името на натпреварувањето ќе биде „Balkan International Basketball League“ (BIBL) и ќе опфаќа пет држави меѓу кои: Македонија, Србија, Бугарија, Грција и Романија. Поради фактот што надобрите два клуба од овие држави веќе настапуваат во некои натпреварувања, во лигата ќе настапуваат клубови со помал буџет. Целта на оваа лига е да се крене квалитетот на тие клубови и да станат подобри од оние во домашното првенство. Конечниот состав сеуште не е познат, а се очекува во првата сезона да настапат: Лукоил, Левски, Спартак (Бугарија), Работнички, Фени (Македонија), Мека Аква Монте, Свислионс (Србија), Динамо Букурешт, Фени Индустри (Романија), ПАОК, Олимпија Лариса (Грција). Првото коло од новата Балканска лига ќе биде одиграно на 8 октомври 2008 година. Филип Крстевски/Таратур

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3399