Анкета
Најнова Фотка
Бетмен форевер

Нова кошаркарска регионална лига на Балканот


Светската кошаркарска федерација ФИБА даде дозвола за оформување на Балканска лига во која ние ќе имаме два претставника.

Името на натпреварувањето ќе биде „Balkan International Basketball League“ (BIBL) и ќе опфаќа пет држави меѓу кои: Македонија, Србија, Бугарија, Грција и Романија.

Поради фактот што надобрите два клуба од овие држави веќе настапуваат во некои натпреварувања, во лигата ќе настапуваат клубови со помал буџет. Целта на оваа лига е да се крене квалитетот на тие клубови и да станат подобри од оние во домашното првенство.

Конечниот состав сеуште не е познат, а се очекува во првата сезона да настапат: Лукоил, Левски, Спартак (Бугарија), Работнички, Фени (Македонија), Мека Аква Монте, Свислионс (Србија), Динамо Букурешт, Фени Индустри (Романија), ПАОК, Олимпија Лариса (Грција).

Првото коло од новата Балканска лига ќе биде одиграно на 8 октомври 2008 година.


Филип Крстевски/Таратур
16.05.2008



ЕУРО2008
ЕУРО Распоред
Спорт
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи
Аршавин заминува во Челзи
Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Пет години Романово царство
Пет години Романово царство
Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.

Резултати сега!