logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Биники – градник за задник

За вашиот задник секогаш да биде цврст не мора да се подложувате на пластични операции или напорно да вежбате... Ќе си го ставите овој иновативен појас и задникот ќе ви изгледа прекрасно. Американскиот психолог Карин Харт, измислила градник за задник, за кој вели дека го враќа убавиот изглед на „обесениот“ задник. Лентите кои се носат околу струкот и под задникот за момент го подигаат и го обликуваат задникот. Таа го дизајнирала овој појас откако забележала дека нејзиниот задник не е повеќе така цврст како што бил некогаш. „На идејата за биники, градник за задникот, дојдов поради сопствената потреба од нешто такво. По радикалните диети и губењето на тежината, мојот задник едноставно се спушти. Купив самолелпива трака и испробав повеќе варијанти, додека не ја најдов вистинската“, вели Харт. Овој “градник“ има ист ефект како и хируршкото подигнување на задникот. Карин го патентирала својот изум и сега производот го продава во САД за 30 долари по парче. Постои и машка верзија на овој градник за задник, која чини 40 долари, а има и танга (30 долари) која исто така има push up ефект.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3384