logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Видеo: Најлудите коментатори на светот!

Сигурно некогаш ви се случило за време на пренос на некој убав меч да посакате да му удрите една чврга на коментаторот кој најпрекрасните моменти знае да ги претвори во очај. Но, затоа погледнете, а и нека проверат тие, како го прават тоа мајсторите ширум светот! Повеќе пати сум се нашол во ситуација каде што го гасам тонот поради нашите очајни коментатори. Со чест на два-тројца исклучоци, ама спортските редакции кај нас ги имаат запоседнато фаци кои и најубавите фудбалски моменти ќе ти ги направат хорор. Што да се каже друго за коментатор кој цел живот коментира шпанско, а во најавата вели дека вообичаено Барселона играла формација 4-4-2, или пак дека Снајдер е најголема ИНквизиција на Реал! Како и да е, нека погледнат тие, а видете и вие што прават шоумените ширум светот. Постарите сигурно се сеќаваат на антологиските преноси на Младен Делиќ или Милојко Пантиќ...
Култното Дарко, Дарко, Дарко...
Дека трендовите се менуваат и во некои краишта се поставени некои нови стандарди ќе ви докажат овие јужноамерикански коментатори кои пеат песна во чест на стрелецот на голот:
Исто така и арапските коментатори мошне емотивно реагираат кога ќе се постигне гол
И за крај, култното Уна маџиа - Пандев

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3383