Анкета
Најнова Фотка
Бетмен форевер

Видеo: Најлудите коментатори на светот!

Сигурно некогаш ви се случило за време на пренос на некој убав меч да посакате да му удрите една чврга на коментаторот кој најпрекрасните моменти знае да ги претвори во очај. Но, затоа погледнете, а и нека проверат тие, како го прават тоа мајсторите ширум светот!

Повеќе пати сум се нашол во ситуација каде што го гасам тонот поради нашите очајни коментатори. Со чест на два-тројца исклучоци, ама спортските редакции кај нас ги имаат запоседнато фаци кои и најубавите фудбалски моменти ќе ти ги направат хорор.

Што да се каже друго за коментатор кој цел живот коментира шпанско, а во најавата вели дека вообичаено Барселона играла формација 4-4-2, или пак дека Снајдер е најголема ИНквизиција на Реал!

Како и да е, нека погледнат тие, а видете и вие што прават шоумените ширум светот. Постарите сигурно се сеќаваат на антологиските преноси на Младен Делиќ или Милојко Пантиќ...




Култното Дарко, Дарко, Дарко...


Дека трендовите се менуваат и во некои краишта се поставени некои нови стандарди ќе ви докажат овие јужноамерикански коментатори кои пеат песна во чест на стрелецот на голот:




Исто така и арапските коментатори мошне емотивно реагираат кога ќе се постигне гол




И за крај, култното Уна маџиа - Пандев





15.05.2008




ЕУРО2008
ЕУРО Распоред
Спорт
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи
Аршавин заминува во Челзи
Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Пет години Романово царство
Пет години Романово царство
Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.

Резултати сега!