Најпријатното изненадување сезонава во Купот на УЕФА, Зенит со головите на Денисов и Зирианов го совлада Глазгов Ренџерс со 2:0 и потполно заслужено го освои најмасовното фудбалско натпреварување.
Навивачите на Зенит и Ренџерс придонесоа за навистина прекрасната атмосфера, а фудбалерите на теренот прикажаа игра достојна за едно финале.
Првата прилика на натпреварот ја имаше Зенит, но ударот на Аршавин заврши во надворешниот дел на мрежата. На другата страна Дарчевил успеа да нафрли пред голот, а одбраната на Зенит во последен момент ја отстрани опасноста.
Ренџерс играше само со еден напаѓач и воглавно беше определен да го зачува својот гол, додека Зенит со својата отвореност константно го напаѓаше голот на противниците.
Во продолжението прв се закани Ренџерс преку Дарчевил, но Малафеев со одлична интервенција го спаси голот. Зенит успеа да возврати преку својот најдобар играч Аршавин кој биеше кон празната мрежа, а Папац на самата гол линија спречи сигурен погодок.
Моментот на одлука се случи во 72 минута кога Аршавин сјајно го пронајде Денисов кој излезе сам пред голманот Александер и рутински погоди за водство на Русите од 1:0.
Неколку минути потоа Зирианов можеше да ги разреши сите дилеми, но неговиот удар од непосредна близина заврши право во стативата.
Волтер Смит го заврши натпреварот со три напаѓачи, а Ново во последните минути имаше голема шанса кога од непосредна близина биеше високо над пречката од голот на Зенит.
Конечните 2:0 ги постави Зирианов во судиското продолжение кога само ја пикна топката во голот откако доби идеална асистенција од Теке.
Зенит беше подобар од Ренџерс и неговите фудбалерите сосема заслужено го кренаа пехарот наменет за победникот на УЕФА купот.
Фифа се откажа од санкциите за Полска Полска најверојатно ќе помине без остри санкции откако утре во Фудбалската федерација ќе се вратат сменетите челници.
Ливерпул остана без Шкртел Словачкиот репрезентативец ќе остане надвор од терените прилично долг период, откако во неделниот натпревар со Манчестер Сити се здоби со тешка повреда на коленото.
Сколари по Лавеци Според англиските и италијанските медиуми, во јануарскиот преоден рок Челзи, по препорака од тренерот, ќе понуди најмалку 10 милиони фунти за Езекиел Лавец од Наполи.
Хуанде Рамос: Не размислувам за оставка Менаџерот на Тотенхем вели дека нема намера да го напушти сегашниот клуб, иако Спарси се соочуваат со најлошиот старт на сезоната во последните 100 години.
Се соблече да ја пуштат в ринг! Симпатичната Американка на првото мерење имала килограм повеќе, но ни под разно не сакала да и го предаде мечот на соперничката Кели Кобалд. Џина извела стриптиз и на крај славеше со одлука на судиите!
Робен се повреди по којзнае кој пат Реал беше приморан да постигне гол за да се врати во натпреварот, па Шустер во второто полувреме се реши да го вметне во игра Робен...
Видео: Севиља убедливо, Реал само реми Фудбалерите на Севиља го декласираа Атлетик Билбао со 4:0, додека екипата на Спортинг Хихон ги забележа првите бодови во оваа сезона.