logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Деко бара нов клуб

Фудбалерот на Барселона речиси сигурно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Португалецот најави дека неговата епизода на Ноу Камп е завршена и по Европското првенство ќе си побара нов предизвик. Иако Деко вели дека одлуката за заминување е негова, сепак ни во клубот не се многу расположени за негово останување затоа што сакаат да направат ремонт на тимот за наредната сезона. Деко уште пред некој месец најави дека ќе замине доколку Барса не освои некој трофеј: „Да играм за Барселона е мојот остварен сон. Дојдов овде и доживеав многу успеси. Ова е моја четврта сезона во клубот и до сега се беше одлично, но доколку работите не одат како што треба ќе си заминам од Барселона“. Претходно за Деко интерес изјавија Манчестер Јунајтед и Интер, но мала е веројатноста дека англискиот шампион и понатаму е заинтересиран за Португалецот, додека Интер е клуб за кој неможе да се каже дека не е заинтересиран за некој играч. Филип Крстевски/Таратур

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3381