logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Бијонси е трудна!

Иако за тоа се шпекулира веќе подолго време, пријателите на младиот брачен пар одлучија да го прекинат молкот и да му обзнанат на светот – Бијонси е трудна. Музичката двојка Бијонси Ноулс и Џеј Зи очекуваат бебе, тврдат нивни пријатели. Пејачката која минатиов месец се омажи за нејзиниот колега, наводно e здебелена, а според нејзините пријатели станува збор за бебе. „Во последно време има ставено повеќе килограми. Обично кога ќе се здебели веднаш започнува со нејзината диета, но не и сега“, вели изворот.
Уште пред свадбата се говореше дека побрзале со венчавката поради нејзината бременост. Воедно на свадбата се зборуваше за нивното идно семејство, а една пријателка и рече дека таа прекрасно ќе изгледа како мајка. Засега новопечените сопружници не ги потврдуваат, ниту пак ги демантираат ваквите гласини. Портпаролот на 26-годишната Бијонси подбивно одговори на информациите за нејзината наводна бременост: „Не знам дали е бремена. Дозволете ми да и направам ултразвук па ќе ве известам“.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3376