Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе
Аирлија нека е!

Досие Икс


Тајните британски документи за НЛО веќе не се толку тајни. Всушност, сега се достапни за јавноста. А, што се крие во нив, наскоро ќе дознаеме. Иако оние што ги читале, велат дека нема ништо посебно.

Тајните досиеја за неидентификуваните летечки објекти над Велика Британија конечно се отворени за јавноста, предизвикувајќи голем интерес како кај скептиците така и кај оние кои длабоко веруваат во НЛО.

Националната архива во Кју, недалеку од Лондон, во согласност со законот, ги чува доверливите документи последниве 30 години. Министерството за одбрана во Лондон ги објави архивите, меѓутоа постави услов да не се истражува можноста за посета на вонземјани на Земјата.

Главниот интерес на министерството е да се провери дали „НЛО се всушност шпиунски летала на други земји“.

„Министерството за одбрана не порекнува дека на небото има необични работи. Но се уште нема цврсти докази дека некое вонземјанско летало слетало на оваа планета", стои во соопштението од министерството.

Во следните четири години ќе се обелоденат 150 досиеја за забележани НЛО над Велика Британија, но како што тврдат од министерството, оние кои се надеваат за цврсти докази за постоење на „мали зелени суштества“ ќе бидат разочарани.

14.05.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Ја декласиравме Португалија
Ја декласиравме Португалија
Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Хамилтон стартува прв во Белгија
Хамилтон стартува прв во Белгија
Водечкиот возач во вкупниот поредок на Форумула 1 се избори за првото место на утрешната трка за Големата награда на Белгија, која ќе се вози на познатата патека Спа.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
За 17 дена, ТВ преносите од Олимписките игри во Пекинг ги следеле околу 4,7 милијарди луѓе, што е нов апсолутен рекорд, соопшти денеска компанијата за истражување на пазарот Нилсен.
Рекоба заврши во Паниониос
Рекоба заврши во Паниониос
Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.

Резултати сега!