Сер Алекс Фергусон и Дејвид Гил
Извршниот претседател на Манчестер Јунајтед потврди дека клубот и во претстојниот преоден рок ќе биде активен на пазарот и дополнително ќе го засили и онака силниот тим.
Иако Манчестер ја освои 17 титула во Премиерлигата, а за неколку дена би можел да ја освои и Лигата на шампионите, во клубот не сакаат да седат со скрстени раце.
„Доколку можеме да го засилиме тимот, тоа и ќе го сториме. Играме во најдобрата лига во светот и сакаме константно да бидеме на врвот“, порача
Гил.
Минатото лето Јунајтед доведе четири играчи кои навистина се покажаа како исклучително добра инвестиција:
Овен Харгривс, Андерсон, Нани и Тевез. Овие фудбалери ги чинеа околу 75 милиони евра, а се очекува дека ова лето новиот англиски шампион ќе има на располагање двојно повеќе.
Филип Крстевски/Таратур