Анкета
Најнова Фотка
Екстра Југо

Дејвид Гил: Продолжуваме со засилувањата

Сер Алекс Фергусон и Дејвид Гил

Извршниот претседател на Манчестер Јунајтед потврди дека клубот и во претстојниот преоден рок ќе биде активен на пазарот и дополнително ќе го засили и онака силниот тим.

Иако Манчестер ја освои 17 титула во Премиерлигата, а за неколку дена би можел да ја освои и Лигата на шампионите, во клубот не сакаат да седат со скрстени раце.

„Доколку можеме да го засилиме тимот, тоа и ќе го сториме. Играме во најдобрата лига во светот и сакаме константно да бидеме на врвот“, порача Гил.

Минатото лето Јунајтед доведе четири играчи кои навистина се покажаа како исклучително добра инвестиција: Овен Харгривс, Андерсон, Нани и Тевез. Овие фудбалери ги чинеа околу 75 милиони евра, а се очекува дека ова лето новиот англиски шампион ќе има на располагање двојно повеќе.


Филип Крстевски/Таратур
14.05.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.
Видео: Јуве, Барса и Панатенаикос во Лигата на шампионите
Видео: Јуве, Барса и Панатенаикос во Лигата на шампионите
Барселона беше поразена од Висла, Јувентус ремизираше со Артмедија, а Панатенаикос ја совлада Спарта, што беше доволно за овие тимови да се најдат во групната фаза од Лигата на шампионите.
Галијани: Сега Анчелоти мора да освои Скудето
Галијани: Сега Анчелоти мора да освои Скудето
Потпретседателот на Милан вели дека тој си го сторил своето со купување на многу засилувања, па сега на потег е тренерот Карло Анчелоти.
Павличенко во Тотенхем
Павличенко во Тотенхем
Рускиот напаѓач изјави дека сака неговата кариера да ја продолжи во Премиерлигата, поточно во тимот на Тотенхем.
Милан Барош потпиша за Галатасарај
Милан Барош потпиша за Галатасарај
Чешкиот репрезентативен напаѓач денес потпиша договор со турскиот шампион, каде ќе игра во наредните три години.

Резултати сега!