Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе
Аирлија нека е!

Малдини и уште една година


Капитенот и легендата на Милан се чини дека ќе ја продолжи кариерата, односно ќе го одложи пензионирањето за уште една година.

„Мислам дека ќе продолжам, а околу тоа ќе разговарам со челниците уште наредниот викенд. Се уште ништо не е официјално. Не мора да бидам под договор, важно е само Силвио усно да ми потврди дека и догодина ќе сметаат на мене. Размислувам за продолжување затоа што сум премногу врзан за овој клуб. Каде и да одам луѓето буквално ме молат да не се пензионирам. Дури неодамна имаше петиција на која се потпишаа скоро 3 милиони навивачи. Не смеам да ги изневерам. Дури и физичката состојба ми се подобрува и се надевам дека нема да погрешам со мојата одлука“, изјави Малдини во интервју кое одеше на италијанската државна телевизија.

Се чини дека неговата одлука нема да зависи од пласманот во Лигата на шампионите, кој засега се чини немозможен затоа што Фиорентина има предност на едно коло до крајот.

„Ќе биде големо разочарување доколку не се пласираме во Лигата на шампионите. Но ние не се предаваме затоа што сите видоа како се игра оваа сезона. Дури и фудбалерите на кои бодовите не им значат ништо знаат да победат. Се надеваме дека Торино ќе го потврди тоа против Фиорентина. Иднината повеќе не е во наши раце“, додаде Малдини.

За да се пласира Милан во Лигата треба да победи на домашен терен против Удинезе, а Торино кој обезбеди опстанок да остане непоразен против Фиорентина.


Филип Крстевски/Таратур
14.05.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Ја декласиравме Португалија
Ја декласиравме Португалија
Најдобар показател за супериорноста на нашите кошаркари е првата четвртина во која Португалците успеаја да постигнат само четири поени, а ние веќе имавме 22.
Хамилтон стартува прв во Белгија
Хамилтон стартува прв во Белгија
Водечкиот возач во вкупниот поредок на Форумула 1 се избори за првото место на утрешната трка за Големата награда на Белгија, која ќе се вози на познатата патека Спа.
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Ибрахимовиќ најплатен во Серија А
Според Gazetta dello Sport годишната плата на шведскиот репрезентативец изнесува единаесет милиони евра. Втор на листата е Бразилецот Кака со девет милиони по сезона, додека трет е Роналдињо со 5.5 милиони евра.
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Рафаел Собис во Ал-Џезира
Бразилскиот напаѓач и довчерашен член на Бетис потпиша договор со еден од побогатите клубови од Обединетите арапски емирати.
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
Апсолутен рекорд: 4,7 милијарди луѓе ги гледале ОИ
За 17 дена, ТВ преносите од Олимписките игри во Пекинг ги следеле околу 4,7 милијарди луѓе, што е нов апсолутен рекорд, соопшти денеска компанијата за истражување на пазарот Нилсен.
Рекоба заврши во Паниониос
Рекоба заврши во Паниониос
Легендата на уругвајскиот фудбал се одлучи во својата 32 година кариерата да ја продолжи во Грција. Иако имаше понуда од Блекбурн Ел Чињо следната сезона ќе го носи дресот на Паниониос.
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Господарот на Дубаи го презема Ливерпул?
Шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактоум, кој е петти најбогат човек во светот, има навистина сериозна намера да го преземе тимот од Енфилд Роуд.

Резултати сега!