Анкета
Најнова Фотка
Миљеници бакшиш
Помош за Мила
Мила
Аирлија нека е!
Airlija

Дрогба: Мојот сон е да играм за Милан


Темпераментниот напаѓач на Челзи во својата штотуку објавена биографија вели дека неговиот сон е да заигра за актуелниот светски првак.

Покрај тоа, Дрогба откри и дека во 2006 година без никој да знае се сретнал со Паоло Малдини и Адриано Галијани каде разговарале за негов евентуален трансфер во Милано.

„Сите фудбалери сонуваат за Милан. Паоло Малдини самиот по себе претставува магнет за другите фудбалери. Секој сака да игра со него“, пишува во неговата автобиографија.

Според Дрогба, Галијани го прашал кога сака да се пресели во Милан, на што африканскиот фудбалер одговорил: „Кога сакате, се е до вас. Подгответе пари и договорете се со Челзи“.

Потпретседателот на Милан уште наредниот ден контактирал со Челзи, вели Дрогба, кој исто така признава дека Мурињо не бил пресреќен околу тоа.

Неговиот тренер му се обратил со зборовите: „Ок, не сме деца, да поразговараме околу тоа. Јас ти верував, сторив се за тебе, а ти ми рече дека одиш на забава во Париз иако си бил на разговор во Милан. Ме излажа, не си го одржа зборот. Лошо ли те третирав?“.

Дрогба сепак тврди дека кокетирањето со Милан не влијаело на неговата игра во синиот дрес.

Со оглед на се, финалниот натпревар од Лигата на шампионите би можел да биде последен каде Дрогба ќе ги брани боите на лондонскиот клуб, додека последниот лигашки натпревар веројатно го одигра минатиот викенд против Болтон.

14.05.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Фифа се откажа од санкциите за Полска
Фифа се откажа од санкциите за Полска
slikaПолска најверојатно ќе помине без остри санкции откако утре во Фудбалската федерација ќе се вратат сменетите челници.
Ливерпул остана без Шкртел
Ливерпул остана без Шкртел
slikaСловачкиот репрезентативец ќе остане надвор од терените прилично долг период, откако во неделниот натпревар со Манчестер Сити се здоби со тешка повреда на коленото.
Сколари по Лавеци
Сколари по Лавеци
slikaСпоред англиските и италијанските медиуми, во јануарскиот преоден рок Челзи, по препорака од тренерот, ќе понуди најмалку 10 милиони фунти за Езекиел Лавец од Наполи.
Хуанде Рамос: Не размислувам за оставка
Хуанде Рамос: Не размислувам за оставка
slikaМенаџерот на Тотенхем вели дека нема намера да го напушти сегашниот клуб, иако Спарси се соочуваат со најлошиот старт на сезоната во последните 100 години.
Се соблече да ја пуштат в ринг!
Се соблече да ја пуштат в ринг!
slikaСимпатичната Американка на првото мерење имала килограм повеќе, но ни под разно не сакала да и го предаде мечот на соперничката Кели Кобалд. Џина извела стриптиз и на крај славеше со одлука на судиите!
Робен се повреди по којзнае кој пат
Робен се повреди по којзнае кој пат
slikaРеал беше приморан да постигне гол за да се врати во натпреварот, па Шустер во второто полувреме се реши да го вметне во игра Робен...
Видео: Севиља убедливо, Реал само реми
Видео: Севиља убедливо, Реал само реми
slikaФудбалерите на Севиља го декласираа Атлетик Билбао со 4:0, додека екипата на Спортинг Хихон ги забележа првите бодови во оваа сезона.
Резултати сега!
slika