logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Ѕвездени судии

’Редизајнот’ на традиционалната облека на судиите од британскиот Врховен суд, покрена лавина коментари по локалните медиуми, бидејќи иако конечно ќе ги отфрлат смешните перики, ќе добијат смешни ознаки. Британските врховни судии наскоро ќе добијат нови униформи. Традиционалните перики одат во историјата, а познатите црни судиски одежди добиваат хиерархиски знаци во боја, поради што некои критичари веќе предвидуваат дека судниците ќе наликуваат на сцени од „Ѕвездени патеки“. Новата униформа што од октомври би требало да почнат да ја носат судиите на реверите ќе имаат ленти во боја што ќе го означуваат чинот. Највисоките судии ќе носат златни, а судиите на Високиот суд црвени ленти.
Традиционално склони кон исмејување на се што не е старо барем еден век, Англичаните се шегуваат дека судиите би можеле да изгледаат како „злите свештеници“ или пак „евтина верзија на Круела де Вил“ (злобницата од 101 далматинец). Најописна била споредбата на фотографијата на врховниот судија Николас Филипс со сликата на заповедникот на Ентерпрајс, Жан Лук Пикард во целосна борбена униформа. „Погледнете го овој јаден човек – наместо да изгледа достоинствено, лордот Филипс делува како продавач на карти за Стар Трек во Лас Вегас“, тврди една критичарка. Судиите, пак, се бранат со тврдењето дека новата униформа е направена по детални истражувања и консултации и дека станува збор за еден разумен чекор кон иднината.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3369