Анкета
Најнова Фотка
Бетмен форевер

Ѕвездени судии


’Редизајнот’ на традиционалната облека на судиите од британскиот Врховен суд, покрена лавина коментари по локалните медиуми, бидејќи иако конечно ќе ги отфрлат смешните перики, ќе добијат смешни ознаки.

Британските врховни судии наскоро ќе добијат нови униформи. Традиционалните перики одат во историјата, а познатите црни судиски одежди добиваат хиерархиски знаци во боја, поради што некои критичари веќе предвидуваат дека судниците ќе наликуваат на сцени од „Ѕвездени патеки“.

Новата униформа што од октомври би требало да почнат да ја носат судиите на реверите ќе имаат ленти во боја што ќе го означуваат чинот. Највисоките судии ќе носат златни, а судиите на Високиот суд црвени ленти.


Традиционално склони кон исмејување на се што не е старо барем еден век, Англичаните се шегуваат дека судиите би можеле да изгледаат како „злите свештеници“ или пак „евтина верзија на Круела де Вил“ (злобницата од 101 далматинец).

Најописна била споредбата на фотографијата на врховниот судија Николас Филипс со сликата на заповедникот на Ентерпрајс, Жан Лук Пикард во целосна борбена униформа.

„Погледнете го овој јаден човек – наместо да изгледа достоинствено, лордот Филипс делува како продавач на карти за Стар Трек во Лас Вегас“, тврди една критичарка.

Судиите, пак, се бранат со тврдењето дека новата униформа е направена по детални истражувања и консултации и дека станува збор за еден разумен чекор кон иднината.

14.05.2008




ЕУРО2008
ЕУРО Распоред
Спорт
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи
Аршавин заминува во Челзи
Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Пет години Романово царство
Пет години Романово царство
Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.

Резултати сега!