logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Џексон го спаси Неверленд

Имотот на Мајкл Џексон сепак нема да оди на јавна аукција. Пејачот успеа да се договори со инвестициската компанија која го откупи неговиот долг од скоро 24 милиони долари. На Мајкл Џексон му се закануваше запленување на славниот Неверленд поради хипотекарниот долг од 23.5 милиони долари. Имотот требаше да оди на јавна аукција на 14 мај. Во последен момент Џеко успеа да се договори со њујоршката инвестициска компанија Колони, која го откупи астрономскиот долг. „Задоволен сум од развојот на настаните поврзани со ранчот Неверленд и во преговори сум со Колони и Том Барак (основач и претседател на компанијата) да се остави ранчот и сите други работи кои ќе ми дозволат да се фокусирам на иднината“, стои во соопштението на Џексон. Наводно, компанијата без проблеми го презела долгот додека преговара за условите на исплата.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3361