Анкета
Најнова Фотка
Бетмен форевер

Џексон го спаси Неверленд


Имотот на Мајкл Џексон сепак нема да оди на јавна аукција. Пејачот успеа да се договори со инвестициската компанија која го откупи неговиот долг од скоро 24 милиони долари.

На Мајкл Џексон му се закануваше запленување на славниот Неверленд поради хипотекарниот долг од 23.5 милиони долари. Имотот требаше да оди на јавна аукција на 14 мај.

Во последен момент Џеко успеа да се договори со њујоршката инвестициска компанија Колони, која го откупи астрономскиот долг.

„Задоволен сум од развојот на настаните поврзани со ранчот Неверленд и во преговори сум со Колони и Том Барак (основач и претседател на компанијата) да се остави ранчот и сите други работи кои ќе ми дозволат да се фокусирам на иднината“, стои во соопштението на Џексон.

Наводно, компанијата без проблеми го презела долгот додека преговара за условите на исплата.


13.05.2008




ЕУРО2008
ЕУРО Распоред
Спорт
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи
Аршавин заминува во Челзи
Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Пет години Романово царство
Пет години Романово царство
Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.

Резултати сега!