logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Сидорф не сака на ЕУРО

Кларенс Сидорф му се заблагодари на селекторот Ван Бастен за повикот во репрезентацијата и му соопшти дека нема да оди на ЕП, не објаснувајќи ги причините за ваквиот чекор. Фудбалерот на Милан во телефонски разговор со холандскиот селектор Марко ван Бастен, му ја соопштил одлуката да се прости од националниот дрес. 32-годишниот Холанѓанин својата одлука му ја соопштил на Ван Бастен во понеделникот навечер, а овој не ја криеше разочараноста. „Не очекував вакво нешто. Му реков на Кларенс дека го почитувам и како личност и како играч, но на неговата одлука не можам да влијаам“, изјави Ван Бастен. Сидорф за својата репрезентација има 86 настапи и 11 постигнати погодоци. Откако Ван Бастен се најде на клупата, Сидорф имаше само 10 настапи, од кои на пет влегуваше како замена.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3357