logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Венчавка со променет пол

Една мексиканска двојка ќе се венча в сабота во Мексико Сити. Ништо посебно, освен тоа што мажот станал невеста, а жената – младоженец. Во Мексико Сити в сабота ќе има необична свадба. Двајцата млади го смениле полот, па така Хозе Мауирисио ќе биде невестата, а Мариа дел Сокоро младоженецот! По четиригодишна врска, двојката ќе се венча на Меѓународниот ден на хомофобијата, пренесе Ел Универсал. Двојката, меѓутоа, ќе ги задржи оригиналните имиња поради тоа што не постои закон кој би им овозможил да ги употребуваат новите. Хозе Маурисио сега се вика Диана Лаура, а Марија дел Сокоро стана Марио. Марио (55) е пензионер/ка, има брада како резултат на хормоналната терапија, а пред шест години и се отстранети градите, но се уште има женски гениталии. Дипломираниот инженер Диана Лаура (45) по операцијата на промената на полот во септември има долга коса и женско тело. „Господ не прави грешки, но природата ги прави“, вели Марио (Марија), додавајќи дека отсекогаш се чувствувал како маж.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/3355