Здружението на фудбалски тренери го прогласи Алекс Фергусон за најдобар менаџер на Премиерлигата во сезоната 2007/08.
Стратегот на Манчестер Јунајтед, cер
Алекс Фергусон е избран за менаџер на годината во Англија, а наградата стигна само нешто повеќе од 24 часа по освојување на новата титула во Премиерлигата. За Шкотланѓанецот ова е 10-та титула со Манчестер Јунајтед.
66-годишниот Ферги, кој е на чело на клубот во последните 22 години, за последен пат го доби ова признание во 1999 година, кога со црвените ѓаволи успеа да освои три титули - домашното првенство, ФА купот и Лигата на шампионите.
„Многу голема чест ми е што колегите ме прогласија најдобар“, изјави легендарниот шкотски тренер. Во изборот учествуваа менаџерите на сите 92 клуба од англискиот фудбал.