|
|
Кели се враќа во Беверли Хилс
Кели Тејлор се враќа во легендарната серија, каде што овој пат ќе глуми советничка во своето поранешно училиште Вест Беверли Хај. 36-годишната Џени Гарт е прва актерка од оригиналната постава која го потврди големиот кам-бек.
Беверли Хилс 90210 наскоро ќе почне да се снима, а подготовките се големиот кам-бек на ТВ екраните се во тек. Џени Гарт, алијас Кели Тејлор е првата од славните ѕвезди која го потврди враќањето во серијата, а интерес за оживување на своите стари ликови изразија Јан Зирлинг и Тори Спелинг.

Од објавата на веста дека повторно ќе се снима Беверли Хилс улогите брзо се делат. Освен Џени Гарт која ќе игра советничка во средното училиште Вест Беверли Хај, Лори Логлин во серијата ќе биде Деби Милс, сопруга на директорот на училиштето.
12.05.2008
|
|
|
|
|