Ако им веруваме на бројните истражувања сексот в канцеларија станува се попопуларен помеѓу колегите.
Тим имал 28 години и бил во брак веќе две години кога започнал да работи како комерцијалист во нова фирма во Калифорнија. Веднаш се појавиле симпатии со прекрасната 25-годишна рецепционерка.

„Не можеше да биде пољубезна со мене, а имаше и прекрасно тело“, се присетува Тим. Веднаш потоа таа била унапредена во негова помошничка па почнале да се дружат и надвор од работата. Тогаш Тим започнал да доаѓа на работа посреќен отколку кога ќе си одел дома.
„Мојот брак почна да пропаѓа. Не знам дали тоа беше поради мојата колешка, но бев целосно несреќен кога ќе си одев дома", објаснува Тим. По шест месеци кокетирање се развел од сопругата, а една недела подоцна флертот се претворил во канцелариски секс.

Ако приказнава ве потсетува на сценарио возможно само во порно филм, се лажете. Во последните пет години се почести се ваквите случки помеѓу деловните колеги, во цел свет, а особено во САД.

Порано сексот помеѓу колегите можел да се очекува само на деловните патувања или по некоја забава. Но, денес е многу поинаку, но тужбите за сексуално вознемирување во 2007 се намалени за 21% отколку во 1997 година.
Според истражувањата на страницата Vault, 46% од луѓето признале дека имале секс на работа, а 13% од нив изјавиле дека немале, но со задоволство би сакале да имаат. И не би им било премногу тешко да најдат соодветен партнер. И Тим се вработил во друга фирма каде набрзо си нашол друга „деловна“ колешка.