Дванаесетта година по ред името Емили се најде на првото место на имиња за девојчиња, додека Џејкоб е најпопуларно име за момчињата деветта година по ред.
Младите родители, според најновото истражување во САД, не се откажале многу од старите навики. Само името Елизабет, кое дојде на местото на Саманта, е единствено ново меѓу топ 10 на најпопуларни имиња. Саманта сега е на 12 место.
Кај момчињата и натаму доминираат библиските имиња, како што се Џејкоб, Мајкл, Џошуа, како и Метју.
По името Емили, кое е најпопуларно од 1996 година, се најдоа Изабела, Ема, Ава, Медисон, Софија, Оливија, Ејбигејл, Хана и Елизабет.
Остатокот од топ 10 кај машките се Итан. Даниел, Кристофер, Ентони, Вилијам и Ендрју.
За машките близнаци родителите најчесто ги комбинираат имињата Џејкоб и Џошуа, Метју и Мајкл и Даниел и Дејвид. Кај девојчињата близнаци најчеста комбинација на имиња се Ел и Ема.
12.05.2008